Шпанскиот селектор си тера мајтап со Македонија?

Шпанскиот селектор Жорди Рибера предупредува дека најтешките предизвици за неговите избраници допрва претстојат, имајќи високо мислење за Македонија, со која Шпанија ќе ги одмери силите в среда навечер.Рибера вели дека Македонија “играла опасно 7 на 6“, но нејасно е дали шпанскиот селектор е сериозен во ваквата изјава, ако се земе во предвид нашата “опасна“ игра 7 на 6 на вчерашниот меч против Словенија, кога балканската селекцијата буквално не’ здроби.

-Македонија  е квалитетна репрезентација која во своите редови има добри и искусни ракометари. Ги гледавме на овој шампионат и играат опасно „седум на шест“, но јас верувам во својата репрезентација и очекувам да стигнеме до посакуваната победа – изјави Рибера.