
Во Македонија имавме две години политичка криза која што беше започната и хранета од невладиниот сектор, што кај нас целосно е монополизиран од страна на фондацијата „Отворено општетство“, што е под капата на Сорос, изјави за ТВ НОВА политичкиот аналитичар Никола Србов, еден од основачите на граѓанското дрвижење „Стоп операција СОРОС“.
Јавноста не е доволно информирана за моќта на невладиниот сектор и организациите кои се под капата на Сорос, како тие влијаат во Македонија. И ова не е пример само во македонското општетство, тука спаѓа и речиси целиот регион на југоисточна Европа. Последниве две години јавноста започна да се освестува во однос на тоа што навистина значи невладиниот сектор и како истиот може да влијае врз државата. Две години имавме политичка криза што беше хранета или започната од тој невладин сектор што кај нас е целосно монополизиран од страна на фондацијата „Отворено општество“ што е под капата на Сорос, изјави Србов.
Додаде дека 95 посто од активните невладини организации го креираат мислењето во државата и создаваат конфликти, дури и насилство по улиците на главниот град.