
Портпаролот на виенската полиција Томас Кајблингер, соопшти дека двајца бездомници со бензин се обиделе да запалат оган со цел да се стоплат.
Утврдено е дека двете жртви непосредно пред несреќата купиле литар ипол бензин на една бензинска пумпа и го наточиле во шише за сок, објасни Кајблингер.
Кога интервентите сили дошле на местото на несреќата двете лица биле во пламен.
Жената не можела да се спаси, а мажот е префрлен со возило на брза помош во болница.