
Веселин Вујовиќ големото реми со Тунис го посвети на Македонија, откако токму со голот на Блаж Јанц во самиот финиш Словенците го визираа нашиот пласман во следната рунда, пишува ЕКИПА.
-Ова беше исцрпувачки натпревар за нас, бевме на работ на пораз, но покажавме карактер и се вративме. Јас во последните седум осум минути размислував само за Македонија, за стручниот штаб и ракометарите, кои го гледаа мечот крај ТВ-екраните и очекуваа да одиграме како што знаеме. Еве, тука се и македонските новинари, ова реми нека биде подарок за Кире, „Жути“, Столе и за останатите македонски ракометари, знам колку македонскиот народ го сака ракометот и мило ми е што оваа селекција се пласираше во осминафиналето, изјави Вујовиќ на прес-конференцијата по натпреварот.