Митровски го посети пензионерскиот дом во Ѓорче Петров

Градоначалникот Сокол Митровски денеска го посети пензионерскиот дом во Ѓорче Петров и на корисниците на услугите им ги честита новогодишните и божиќните празници и верскиот празник Богојавление – Водици.

Тој потенцира дека општината и понатаму ќе продолжи да помага за подобрување на условите за живеење на овие стари лица.

Управителот на пензионерскиот дом во Ѓорче Петров, Махир Дураку му се заблагодари на Митровски и ја истакна важноста на неговите посети.

– Митровски не посетува секој празник. Со тоа покажува дека не почитува и дека никогаш не не заборава. За тоа искрено сме му благодарни и свесни сме дека за се што ни треба, тој е секогаш тука, истакна Дураку.