
На средбата одиграна во Гевгелија, а во рамките на групата А во БИБЛ лигата, кошаркарите на Кожув го победија Куманово убедливо со 18 разлика (89-71).
Домаќините беа сигурни во сите четири периоди кои ги добија со 22-13, 18-17, 25-21 и 24-20.
Српскиот интернационалец Миливоје Мијовиќ со 22 и Американецот, Кенион МекНил со 21 поен, беа најефикасните кошаркари во победничката екипа, додека кај гостите од Куманово, Днило Мијатовиќ средбата ја заврши со 20 постигнати поени.
Кожув и Куманово веќе утре ќе одиграат нов натпревар и тоа во рамките од 9. коло на кошаркарскиот шампионат на Македонија.