
Авто мото сојузот на Македонија информира дека забрана за тешки товарни возила има на кракот Маврово-Дебар.
Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен.
Од граничните премини, за излез од Македонија се чека до 30 минути на Деве Баир кон Бугарија, а на останатите премини нема подолги задржувања.
Авиосообраќајот засега се одвива според планираното. Според веб страницата на скопскиот аеродром „Александар Велики“ утринава се реализирани сите планирани полетувања и слетувања.