
Сообраќајната полиција вчера санкционирала двајца возачи кои поминале на црвено светло на семафор, двајца не ги почитувале правилата за престигнување, девет без возачка дозвола, односно нерегистрирано возило. Казнети се и тројца возачи за прекршоци по разни основи, како и четворица возачи кои не се придржувале кон ограничувањата, забраните и обврските изразени со поставените сообраќајни знаци. Затекнати се и 48 непрописно паркирани возила.
Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 67 возила.