Поплави во Сицилија – едно лице го загуби животот

Една жртва во невремето што го зафати јужниот дел на Италија. Прогласена е тревога од највисок степен, училиштата се затворени, а сообраќајот во неколку области е прекинат. Во меѓувреме, спасувачите извлекоа уште едно лице од хотелот кој беше затрупан од лавина во Абруцо.

67-годишен маж загина во поплавите во Палермо, Сицилија, откако водата го повлекла неговиот автомобил. Трите лица кои патувале со него ги спасиле противпожарните екипи на терен.

e3ff7fa36bafb6ac05b2d8f6ac032825a55b82d93abbef675a012dce3056c878

Метеоролозите во јужниот дел на Италија прогласија црвен степен на тревога поради засилените бури, ветриштата и високите бранови. Властите апелираа до граѓаните да не излегуваат од дома ако не им е неопходно. Училиштата се затворени во неколку подрачја. Реките се излеани од коритата, а сообраќајот е во прекин поради лизгање на земјиштето.

C22J6JHW8AA5AMU

Во последниве две недели Италија се справува со влошени временски услови, но и со серија земјотреси. Спасувачките екипи извлекоа уште едно лице од хотелот кој беше затрупан од лавина откако беше регистриран потрес од 5,7 рихтери во Абруцо. 11 лица, меѓу кои и 4 деца, ја преживеале природната катастрофа. Засега е потврдена смртта на седуммина. 22 лица се водат за исчезнати.

-Најдовме уште една жена. Полека се доближуваме до централниот дел на структурата на објектот. Паралелно се обидуваме да стигнеме до човекот кој го лоциравме пред неколку часа, изјави Лука Кари, портпарол на противпожарната служба.

Лавината со тежина од 120.000 тони го затрупа хотелот со брзина од 100 км на час.