
Министерството за култура реагира на изјавата на претседателот на Комисијата за култура на СДСМ Роберт Алаѓозовски, кој обвини дека во Годишната програма нема пари за значајни споменици на културата.
– Со денешната петта прес-конференција Роберт Алаѓозовски ќе остане запаметен како човек кој одржал најмногу прес-конференции на теми за кои не е квалификуван и воопшто не ги разбира. Сметаме дека секое продолжување на медиумската комуникација со Алаѓозовски како прв човек на таканаречениот Совет за култура на СДСМ е несуштинско, безпредметно и непродуктивно, се вели во реакцијата од Министерството за култура.
Министерството за култура соопшти дека во иднина ќе се воздржи од било каков коментар за ставовите изнесени од негова страна.