
Во интервју за Еј-Би-Си Њуз тој рече дека сигурно ќе се формираат безбедносни зони во Сирија оценувајќи дека Европа направила голема грешка што дозволила милиони луѓе да заминат за Германија и други држави.
Неговата администрација за тоа не се консултирала со Русија, изјави Дмитриј Песков, портпарол на Крамљ.
Не, нашите американски партнери не не консултираа. Тоа е нивна одлука, изјави Песков. Тој укажа дека е важно тој план да не ја влоши ситуацијата со бегалците, но сите последици од планот треба да се анализираат.