
Првенствено идентитетот на патниците со возовите, кои го поврзуваат Брисел со Лондон и Амстердам ќе биде проверуван во заедничката база на податоци.
Европската унија веќе го воведе системот за складирање и обработка на податоци за патниците во авионите. Новата одлука на белгиските, француските и британските власти е своевидно проширување на тој систем.
Целта на проверките на патниците во возовите е мерка во борбата против тероризмот.