
Висината на снежната покривка во Маврово изнесува 71 сантиметар, 48 во Лазарополе и Пожаране, 46 во Ѓуриште, 30 во Крушево..
Времето денеска наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала облачност, поизразена на југот од земјата. Ќе дува слаб претежно северен ветер. Температурата од минус два до пет степени.
Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб претежно северен ветер. Температурата до два степени.
Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури, додека дневните ќе бидат за 2 до 5 степени повисоки. Од недела и условите за појава на магла по котлините ќе се зголемат, а ќе се зголеми и облачноста поради што од понеделник утринските температури ќе се покачат.