
Како што соопшти МВР, Д.М. (51) од село Крупиште, кој бил на лов, вчера околу 13:00 часот при обид да ја симне ловната пушката од рамо, истата испукала и го погодила во десното стапало.
Повредениот бил пренесен во Клиничка болница Штип, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.