
Градоначалникот Игор Поповски истакна дека станува збор за дел од индустриската зона опфатен со ГУП.
– Работиме на донесување на ДУП за овој дел, така што сите што имаат имот во овој дел, сега ќе имаат можност да вршат доградби, надградби, но и нови градби, а тоа значи дека ќе можат да ги извадат потребните дозволи за градба. Со овој документ се формираат градежни парцели коишто потоа ќе можат да бидат продадени како градежно земјиште, а самиот ДУП дава можност за идни потенцијални инвеститори во овој дел од индустриската зона, рече Поповски.
Согласно законските прописи, Предлог- документот ќе биде ставен на огласна табла во општината, а сите заинтересирани граѓани ќе можат да присуствуваат на јавната расправа закажана за 13 февруари.