Градоначалничката Арифи си купила пет стана во Скопје и два автомобила

Градоначалничка на Тетово од ДУИ, Теута Арифи, успеала да купи пет стана со вкупна површина од речиси 400 квадратни метри во Скопје и два автомобила со градоначланичката плата и со професорскиот хонорар од 500 евра, покажува анкетниот лист за имотната состојба на избраните и именуваните функционери поднесен до Државната комисија за спречување на корупција, пишува Република.

dksk-teuta-arifi-2017-520x227

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не успеаја да формираат коалиција откако Ахмети не успеа да ги скроти градоначалниците Ахмети, Меџити и Бејта, кои покажале загриженост дека постои можност на следните локални избори со кандидати Албанци од СДСМ, ДУИ да бидат поразени од партијата на Зоран Заев во најважните општини со доминантно албанско население, како Чаир, Тетово, Гостивар, Струга, Арачиново и други. Но, ако успеат да се договорат со СДСМ да се поддржуваат едни со други во различни општини, тогаш ДУИ би можела да излезе со крената глава од следните локални избори. Со други зборови дека залегнатите функционери можат да останат без удобните фотелји.

Јасно е зошто на Арифи ѝ гори под нозете и зошто не ѝ се напушта удобната и очигледно профитабилна фотелја.

Освен Арифи, во „услови на режим“ со плата од 500 евра и Мухамед Зекири успеа да купи втор стан и луксузен џип БМВ Х5.

zekiri-zaev-640x353

Воопшто не е јасно како може за една година со толкава плата да се здобие толкав имот, а од друга страна да немаш пријавено никаков дополнителен приход. А ако може да му се верува на Заев, Мухамед Зекири го примил на работа за децата да не му бидат гладни, за сега наеднаш истиот тој Зекири да пријави вистинско богатсво на својот анкетен лист.

muhamed-zekiri-anketen-520x245