
Жестоки реакции на јавноста откако универитетскиот професор Тито Беличанец објави морбидна фотографија на која го прикажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски како починат.
Универзитетската професорка Билјана Ванковска потсетува дека ваквото срамно поведение на Беличанец предизвикано од политичка омраза не е новитет. Таа дополнува и дека освен по скандалозното и морбидно однесување, Беличанец баш и не е познат по многу други свои дела.
-Човеков е тотален социјалистички анонимус, познат само по тоа што за големи хонорари правно ја нормираше криминалната приватизација. Замина во пензија, а не го знаат ни до Табановце по нешто паметно и добро. Е сега, да, забегал, умот му се помрачил од омраза и некрофилија – ама барем веќе не е на универзитет“, пишува Ванковска на Фејсбук.
На нејзината објава на Фејсбук се надоврзува и довчерашната пратеничка на СДСМ Солза Грчева која вели дека Тито Беличанец е типичен транзициски, но и вечен профитер кој лично ја навредувал на најпримитивен начин.
На Фејсбук профилот на овој поранешен член на Извршниот совет на СКЈ покрај за вакви морбидни изјави има место и за закани кон политичките неистомисленици.

Меѓу другото, на профилот на СДСМ-овскиот професор Беличанец покрај нападите кон поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и другите кои не размислуваат кон него, може да се најдат и поддршка за т.н. писмо до интелектуалците во одбрана на амбасадорот Џес Бејли од американскиот конгрес како и поддршка за „бриселскиот мачкар“ Питер Ванхауте.
Покрај ваквите објави овој морбиден професор на социјалните мрежи се наоѓа во улога на класичен партиски мегафон на СДСМ.