
Вчера од страна на сообраќајната полиција, се санкционирани 25 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, како и 13 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Санкционирани се и седум пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор. Затекнати се и 31 непрописно паркирано возило.
Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 60 возила.
Денеска од 10 до 11:30 часот Одделението за превенција ќе реализира едукативно предавање во автобус на ЈСП Скопје кој се движи по траса, со ученици од трето и четврто одделение од ЈУ СОС „Детско Село“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Гази Баба, во рамките на сообраќајно-воспитниот проект „Едукативен автобус“.