
Машкиот ракометен тим на Вардар во сабота (11.02.2017) од 17:30 часот, ќе се сретне со тимот на ППД Загреб. Натпреварот е од Лигата на шампионите.
Во недела (12.02.2017) македонскиот шампион во кошарка МЗТ Скопје Аеродром се среќава со тимот на Крка од 12:00 часот (АБА лига).
Информации во врска со влезниците за натпреварите ќе бидат објавени на фан страната на Фејсбук, а ќе можете да ги купите на билетарата при СЦ „Јане Сандански” од 10:00-18:00 часот.