
Во рамките на одбележувањето на Денот на словенечката култура, во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“ од Скопје, на 8 февруари 2017 година во 18.30 часот ќе се одржи Прешернова вечер.
За делото на големиот словенечки писател беседа ќе одржи проф. д-р Милан Јазбец, актуелен амбасадор на Република Сковенија во Република Македонија, а стихови на македонски и словенечки ќе читаат членови на Друштвото за македонско-словенечко пријателство од Скопје.
По овој повод ќе биде отворена и изложба на слики на тема „Липицанери“ од Аленка Славинец.