
На оваа локација, во непосредна близина на поранешната градска депонија Вардариште, живее ромско население во субстандардни услови и има опасност од спалување на гумите за загревање и користење на корисните компоненти.
Во акцијата беа собрани околу 40 отпадни гуми од различни типови на возила и предадени на фирма овластена за постапување со ваков отпад.
Општина Гази Баба редовно организира вакви акции со цел намалување на ризикот од потенцијално загадување на воздухот од спалување на отпад.