
Реал Мадрид беше тимот кој ја спаси честта на гостите, славејќи победа во Казан против Уникс со 81-77.
На останатите четири средби одиграни синоќа беа постигнати овие резултати: Анадолу Ефес – Милано 90-86, ЦСКА Москва – Црвена Ѕвезда 102-87, Макаби – Басконија 85-84 и Панатинаикос – Бамберг 81-72.
За денеска се предвидени преостанатите три натпревари во кои ќе играат: Дарушафака – Фенербахче, Олимпијакос – Жалгирис и Барселона – Галатасарај.
Табела: Реал Мадрид 17-5 (победи-порази), ЦСКА Москва 16-6, Олимпијакос 15-6, Фенербахче 14-7, Панатинаикос 13-9, Црвена Звезда 12-10, Басконија 12-9, Анадолу Ефес 11-11, Дарушафака 10-11, Жалгирис 9-12, Барселона 8-13, Бамберг 8-13, Макаби 7-14, Уникс 7-15, Милано Армани 7-15 и Галатасарај 6-15.