
На луѓето им е наредено да се евакуираат доколку се во можност, а во спротивно да пронајдат засолниште и да ги избегнуваат грмушките и тревниците.
Над 2.000 пожарникари, од кои поголемиот број волонтери денеска се обидуваат да изгаснат 86 пожари ширум Нов Јужен Велс, од кои 38 се вон контрола.
За подметнување на пожар осомничени се 13-годишно момче и 40-годишен маж.
Источниот брег на Австалија е погоден од топлотен бран, а во некои делови измерени се над 45 степени Целзиусови.