
Ова беше истакнато во однос на актуелната политичка состојба во земјата, на денешниот традиционален работен ручек на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, со амбасадорите на земјите – членки на Вишеградската група, акредитирани во Република Македонија – амбасадорот на Република Полска Јацек Мултановски, на Чешката Република Мирослав Рамеш, на Словачката Република Мартин Безак и со амбасадорот на Унгарија Ласло Иштван Дукс.
Како што соопшти кабинетот на претседателот, амбасадорите се согласија дека е неопходен исчекор на земјата во однос на европските и евроатланските интеграции.
Претседателот Иванов ја поздрави континуираната поддршка од Вишеградската група за одржување на динамиката на процесот на проширување на ЕУ и силната поддршка за што поскоро започнување на преговорите за членство на Република Македонија, стои во соопштението.
Соговорниците на средбата размениле мислења и околу можностите за продлабочување на меѓусебната соработка, како и за предизвиците со кои се соочува Европската Унија и Европа и позициите на земјите од Вишеградската група во однос на клучните предизвици.
Македонскиот претседател, се наведува, се заблагодари за личниот ангажман и посветеноста на амбасадорите во унапредување на односите со Република Македонија, како и за доследната помош од овие земји во справување со мигрантската криза.
Амбасадорите, пак, се посочува, ги реафирмираа заложбите за продолжување на меѓусебната соработка во справување со мигрантската криза и со безбедносните предизвици на земјите од Централна и Источна Европа.
На средбата било разговарано и за претстојните активности и планови за размена на посети на највисоко ниво меѓу Република Македонија и земјите од Вишеградската група, се посочува во соопштението.