
Сообраќајот на мостот „Близнак“ во населбата Аеродром е затворен во двата правци поради пукната гасоводна цевка.
Полицијата потврди дека од 13:20 часот од безбедносни причини целосно е затворен сообраќајот од булеварот „Киро Глигоров“ до улицата „Перо Наков“.
Екипи од надлежните институции се испратени на терен и се работи на отстранување на дефектот.