Грчките земјоделци денеска ќе протестираат во Атина

атина

Фармерите бараат укинување на осигурителните тарифи, намалување на возраста за пензионирање, неоданочен семеен приход од 12.000 евра и неоданочено гориво, ниски загарантирани цени за нивните производи, како и пониски камати за земјоделските кредити до 200.000 евра.

Демонстрантите јавија дека Владата одби да ги исполни нивните барања, па затоа ги повикаа и работниците да ги поддржат во протестот.

Министерот за земјоделие, Вангелис Апостолу, соопшти дека финасиската состојба на земјата не дозволува осигурување на натамошната помош, но изрази подготвеност за институционална интервенција при решавање на проблемите во секторот со цел да се намалат трошоците на производство.