
Како што информираат од Општината, граѓаните ќе можат да се ослободат од опасниот отпад од домаќинствата од 12:00 до 14:00 часот во урбаната заедници „Лисиче“, кај старата продавница на Славија во трговскиот центар.
Под електронски отпад се подразбира статични и лаптоп компјутери, тастатури, глувчиња, кабли, звучници, слушалки, домашни телефони и мобилни телефони, МП3 плеери, монитори, телевизори, дигитални камери и видео-камери, принтери, скенери, факс-машини и стерео системи, додека под електричен отпад се подразбира шпорети, машини за перење облека и садови, греалки и грејни тела, микробранова печка, машина за правење леб, апарат за кафе, други апарати од домаќинство, како и клима-уреди.
На претходните еко-акции за собирање електронски и електричен отпад во ноември и декември минатата година беа собрани вкупно 1.907 килограми опасен отпад.