
Утринската температура ќе се движи од минус седум до два, а дневната од осум до 14 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус четири, а дневната ќе достигне до 10 степени.
До петок ќе преовладува претежно сончево и релативно топло време. Во петок и за време на викендот по котлините ќе има услови за појава на утринска магла. Од сабота ќе има зголемување на облачноста со повремен локален дожд, особено во недела.