
Победник на овие избори е ВМРО-ДПМНЕ и од тука го црпиме легитимитетот и правото да ВМРО-ДПМНЕ биде носечка партија која треба да ја состави владата. Ние иако не успеавме во првите 20 дена, сепак не се откажуваме да формираме Влада. Ако не успееме можноста за брзи предвремени избори стои на маса и би рекол дека сега по 40 дена кога повторно СДСМ и ДУИ не успеваат да формираат Влада е најзрел и најсериозен пристап кон решавање на оваа политичка состојба, рече Димовски.
-Не успеавме да направиме договор со нашиот досегашен коалиционен партнер, го почитувавме непишаното правило со кое колидиравме со победничка партија во албанскиот блок. Не успеавме да се договориме и тука практично настана целата состојба, Ќе повторам покрај тие 20 помина и допонитлени 20 дена иако имавме најави дека за 2-3 дена ќе биде постигнат договор. Очигледно сека состојбата е покомплицирана и затоа ќе повтореа најрационален пристап кон решавање на оваа криза се брзи предвремени избори, заклучи тој.