
Јужна Кореја денеска соопшти дека режимот во Северна Кореја е одговорен за смртта на полубратот на лидерот на ДНР Кореја, Ким Јонг ун.
– Сметаме дека режимот во Северна Кореја е одговорен за тој инцидент имајќи предвид дека петмина осомничени се Севернокорејци, изјави портпарол на Министерството за обединување со Северна Кореја.
Тој не даде други детали.
Ким Џонг нам (45) беше убиен во понеделникот во Куала Лумпур.