
Се окекува НАСА да објави откритија за бројни информации за егзопланети – планети што кружат околу ѕвезди вон Сончевиот систем.
Егзопланетите (вонсоларни планети) моментно претставуваат вселенски тела во кои се „вградени“ големи надежи кога е во прашање живот во Вселената, бидејќи за многумина од нив се покажало дека личат на Земјата и може да имаат услови за живот, објави „Индепендент“.
Конференцијата на НАСА ќе биде пренесувана во живо и се очекува на неа да присуствуваат астрономи и научници од цел свет.
НАСА најави дека публиката ќе може да поставува прашања за време на преносот користејќи го хаштагот #AskNasa, а по конференцијата ќе биде отворена и АМА (Ask Me Anything) дебата на сајтот reddit/com.