
Со симболично делење на јубилејниот петилјадити број на весникот „Вест“ од страна на штрајкувачкиот одбори на „Вест“, „Утрински“ и на „Дневник“, денеска се одбележува петтиот ден од штрајкот на новинарите и на медиумските работници во редакциите на Медиа принт Македонија, информира ССНМ.
„Прекинот на работата заради неисполнетите барања за плата и за хонорари продолжува, но и нашата подготвеност за конструктивна комуникација. ССНМ и штрајкувачките одбори уште еднаш потенцираат дека станува збор за легитимна акција која не е со цел да се наруши угледот на весниците ниту на МПМ. Токму спротивното. Во заеднички интерес на сите е опстанокот и успешно работење на брендовите во чие што градење многумина кои денес штрајкуваат се вклучени со сиот свој професионален и човечки капацитет. Mенаџментот упорно одбива средба со претставниците на штрајкувачкиот одбор.Тензиите се зголемуваат. Со тоа и неизвесноста. Зголемувањето на времето на штрајкот е директeн резултат на однесувањето на менаџментот“, се наведува во соопштението.
Новинарите и медиумските работници денеска добија поддршка и од прогреснивните синдикати на УПОЗ, СИЕР, АГРО и на СУДКОС.