
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција почна истрага по вчерашната сообраќајка во Струмица кога едно возило со 6 мигранти удрило во столб.
Обвинителите се сомневаат дека има елементи за сторени кривични дела криумчарење мигранти и тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
Вчера во Струмица македонски државјанин управувал со патничко возило, ја изгубил контролата на управување над возилото и излетал од патот удирајќи во столб од улично осветлување. Во возилото имале 6 мигранти, со што е утврдено сторено кривично дело криумчарење на мигранти за кое ОЈО веќе поведе постапка.
Во тек е преземањето на активности за утврдување на фактите во предметот, меѓу нив и вршење на распит на мигрантите – учесници во сообраќајна незгода, соопшти ОЈО.
Во тек е преземањето на активности за утврдување на фактите во предметот, меѓу нив и вршење на распит на мигрантите – учесници во сообраќајна незгода, соопшти ОЈО.