
Укажуваат дека се ќе биде согласно Уставот, а всушност она што се слуша, што го планираат е кршење на Уставот. И тука ќе останеме цврсто на бедемот на одбраната на националните и државните интереси во било која форма и во било која ситуација.
Продолжуваме, додаде Груевски, внимателно да ја следиме ситуацијата, да комуницираме со сите што е потребно, но укажуваме на секој кој што сака да се коцка со националните и државните интереси, дека во оваа држава има и други кои мислат на тие интереси и кои што се спремни да се борат за тие државни и национални интереси.