
Не може да се симплицифира процесот на давање на потписи.Водиме суштински процес на разговори и доближување на ставови по однос на платформите помеѓу двете политички партии.Поддршката на ДУИ е краен процес на еден постигнат договор помеѓу двете партии.Не би ја извртел тезата на начин давање поддршка, па по тоа разговори.Доколку сметаме дека тоа што е разговарано помеѓу групите е доволно тогаш ќе дадеме поддршка, но нема да го симплифицираме на ниво дали даваме потписи, или туку дали даваме поддршка на една заедничка платформа или не-рече Османи.
Тој уште додаде дека доколку претседателстовото смета дека материјалот е недоволен, има право да ја врати документацијата на доработка.