Илиоски: Целта на Заев е да се дограби до власт и да ја редефинира Македонија

СДСМ е дувло и синоним за криминалот. Аболицираниот криминалец Зоран Заев и злосторничкото здружение во раководството на неговата партија го претворија СДСМ во промотор и заштитник на се што е незаконско и криминално, изјави на денешната прес конференција Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение го пренесуваме целиот текст интегрално:

Сега се гледа зошто СДСМ ги практикувало криминалните шеми и во изборни циклуси.

Сега се гледа зошто во Куманово и во Струмица, СДСМ на криминален начин купуваше гласови и ги фалсификуваше изборите. Слични ситуации полицијата регистрираше и во источна Македонија.

Сега се гледа дека не постојат фантомски гласачи во Македонија и зошто аболицираниот Зоран Заев ја пласираше и оваа манипулација.

Целта на сите лаги, манипулации и изборни криминали на Зоран Заев е да се дограби до власт и да ја редефинира Македонија.

Тоа не смее и нема да се дозволи. Органите на прогонот не смее да подлегнуваат на притисоците на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Тој мора да одговара за криминалот што го направил.

Местото на криминалците не им е во политиката, туку во казнено-поправниот дом Идризово.

Затоа речиси половина милион Македонци го осудија на пораз СДСМ и неговите криминални и деструктивни сценарија. СДСМ ја нема поддршката од народот и покрај валканите и криминални обиди да купува гласови.

На криминалот мора да му се стави крај. Не смее да се дозволи и натаму на криминален начин СДСМ и партнерите да се обидуваат да ја оспоруваат и фалсификуваат волјата на народот.

ВМРО-ДПМНЕ најодлучно ќе застане во одбрана на државните и национални интереси. Обезбедувањето да се почитува волјата на мнозинството македонски граѓани за нас е обврска и нема ние од тоа да отстапиме.