
Протестен марш на здружението на граѓани „Тврдокорни“ против, како што велат, поделбата на Македонија и воведување на уште еден јазик вечерва се одржа во центарот на Скопје.
Собирот под мотото „Македонски марш-завет за Македонија“ започна од пред Соборнит храм, по што граѓаните се упатија до споменикот на бранителите во паркот Жена – борец, каде беше положено цвеќе.
Портпаролот на здружението Горан Угриновски, изјави дека собирот е поради молкот на оние кои се сметаат дека се најголеми и дека не ги интересира кој ќе ја формира владата.
– Она што не интересира и она на кое сакаме јавен одговор е зошто после објавувањето на платформата политичарите молчеа. Бараме одговор што договоривте во Мала Речица. Зошто не испаднавте храбри и јавно уште првиот ден да го отфрлите тоа ништожно парче хартија, изјави Угриновски.