
Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, додека двајцата малолетници стоеле во училишниот двор им пришол нивен соученик и ги повикал да појдат со него на улицата пред училиштето. Таму ги чекал Г.М., кој насилно ги внел во возило „Голф 3“ со скопски регистерски ознаки и му се заканувал на седумнаесетгодишникот да ја остави неговата девојка и да не се гледа повеќе со неа. По пристигнување во близина на основното училиште „Битолски конгрес“ излегле од возилото по што и физички ги нападнале нанесувајќи им телесни повреди по главата и телото, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.