Меркел: Германија треба да ги исполни обврските кон НАТО

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека Германија треба да ги исполни своите обврски кога станува збор за зголемување на обврските кон НАТО.

„Обврските мора да се исполнат и други во светот тоа ќе го бараат од нас. И јас мислам дека се во право дека Германија треба да ги исполни своите обврски“, изјави Меркел на предизборен собир на северот на Германија, пренесува Ројтерс.

Германија, како членка на НАТО, се наоѓа под се’ поголем притисок по изборот на Доналд Трамп за претседател на САД да ги зголеми средствата за одбрана така што тие ќе достигнат два проценти од бруто домашниот производ, што е договорено во 2014 година.