
Шеесет и едногодишен жител на скопското село Кожле е пронајден мртов вчера околу пладне со траги од гризнатини од диви животни, соопшти полиција.
Според полициските информации, Ј.С. е пронајден од неговиот брат на ливада во близина на селото.
Починатиот маж на 23-ти февруари бил пријавен за исчезнат во полиција.
По наредба на јавен обвинител врз телото ќе биде извршена обдукција.