
Во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница беше промовиран новиот стрип-албум „Витези од соседството“ на уметниците и стрип-цртачи Дарко Богданов и Јордан Коцевски.
Албумот е работен според расказите на Хиро Шимада и претставува урбана приказна за пријателството и последиците од одлуките кои ги носат младите луѓе, ставени во необични ситуации.
Стрип-албумот на реален начин, со зрело обраќање кон читателите, зборува за обични луѓе, без супер моќ, и реални ситуации кои можат да му се случат секому. Приказната се пренесува на стрип јазик, близок и разбирлив за читатели во и надвор од Македонија.