
Како што јави дописникот на МИА, Исмаили не спомна идентитет на ниту едно од овие лица, но неколкупати повтори дека Обвинителството почнало истрага за разни здруженија во земјата, кои финансирале испраќање борци кои војуваат на страната на терористичките групи во
Сирија.
Исмаили соопшти и дека Управата покренале 154 кривични пријави за перење пари.
Покреневаме 154 кривични пријави за перење пари, имаме 1.300 извештаи за сомнителни трансакции во период од една година и блокиравме средства од тие трансакции во износ од 28 милиони евра, изјави Исмаили.