Откупот на тутун поголем од очекуваниот

Завршува откупот на тутунот. Досега преземените 25.000 тони се повеќе за 7.000 тони од очекуваниот род за откуп кој го најавуваа тутунопроизводетелите. Иако имаше поголемо производство, поголема беше и побарувачката, а просечната цена достигна 196 денари за килограм или за 14 денари повеќе од лани.

Завршува откупот на тутунот. Поголем дел од монополите ги затворија откупните пунктови.

Доколку во некое населено место има се’ уште тутун за предавање, тутунарите треба да го известат откупувачот и да се договорат за времето и местото за превземање.

Иако на почетокот се проценуваше и тутунарите најавуваа дека имаат само 18.000, досега се откупени скоро 25.000 тони тутун.

Вредноста на суровиот тутун е 79 милиони евра, а исплатени се 95 проценти од превземениот род.

Реколтата годинава е со висок квалитет, а просечната цена достигна 196 денари за килограм. Лани таа изнесуваше 182 денари односно беше за 14 денари пониска.

Тутунарите до 31-ви март треба да го пријават новото производство за следната реколта пред да склучваат договори со откупувачите.