Препарат за дијабетес го продолжува животот

Препаратот метформин би можел да овозможи луѓето да живеат 110 – 120 години, односно луѓето постари од 70 години да се чувствуваат како да имаат 50, тврдат научниците.

Експертите појаснуваат дека метформинот, кој се користи за лекување на дијабетесот засега кај животните го продолува животот.

Овој препарат би можел да отвори нова страница во медицината, при што лекарите би можеле успешно да го лекуваат не само ракот, дијабетесот и деменцијата, туку и самото стареење.

Стареењето не мора да биде неизбежен процес, бидејќи сите келии содржат шема на ДНК, која може да овозможи потојана правилна работа на телото. Некои морски животни воопшто не стареат.

Метформин ја зголемува количината на молекули која доаѓа до келиите, што ја зголемува долговечноста на клетките.