„За заедничка Македонија“: Со осуда за нападот врз новинарите, бараат пронаоѓање на одговорните и откривање на позадината на нападот

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ го осудува инцидентот на крајот на денешниот протестен марш во кој нападната беше новинарска екипа.

„Го осудуваме инцидентот за кој јавуваат дел од медиумите. Апелираме на избегнување и воздржување од провокации од секоја страна и од секој поединец. Ги повикуваме надлежните институции да ги пронајдат сторителите со цел да се откријат вистинските мотиви и позадината на истиот. Ние сме тука за Македонија, за Заедничка Македонија, и од тоа нема да отстапиме. Да живее Македонија, стои во објавениот статус на официјалната страна на граѓанската иницијатива на Фејсбук.

Инцидентот, според информации на дел од медиумите, се случил по завршување на протесниот марш во близина на Тримфалната порта кога новинарска екипа на интернет порталот А1он се нападнат од неколку засега непознати лица. Напаѓачите по нападот побегнале. Екипа на Брза помош им укажа помош на новинарите, кои според првичните информации не се со сериозни повреди.