
Ниту Уставот, ниту совеста не ми дозволуваат да дадам мандат на некој кој ја руши независноста и сувереноста, порача денеска на прес-конференција претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.
Платформата подготвена од туѓа држава е пречка да му го дадам мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев, рече претседателот Ѓорѓе Иванов во обраќањето до граѓаните, кое е во тек во моментов.
-Македонските граѓани на изборите гласаа за партиска програма, а не за постизборна платформа. Секој еден од нас мора најодговорно да се однесување. Секој погрешна одлука може да има катастрофални последици за иднината на Република Македонија. Деновиве ми се закануваа и со кривична пријава. Ги охрабрувам иницијаторите тоа да го направат не постојат закани и уцени што ќе ме натераат да го прекршам Уставот. Ние немаме резервна држава, Република Македонија е единствената држава што ја имаме, предците ни ја оставиле оваа држава за да им ја оставиме на се уште неродените, наши деца и идни поколенија. Се додека сум претседател на Република Македонија нема да дадам мандат на човек или партија што има платформа за рушење на суверенитетот и интегритетот на Република Македонија, дециден е Иванов.
Иванов како пречка да му го даде мандатот на Зоран Заев го наведе и „незапазувањето на роковите“ според членот 90.