
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Сообраќајот на патниот правец Прилеп – Битола – Ресен преку обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено, но од превентивни причини се пренасочува преку градот Битола. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.