
Според УХМР, водостојот на Вардар е најнизок на мерното место кај Демир Капија и е 60 сантиметри понизок од вообичаениот за март, додека понизок водостој од 23 до 29 сантиметри од вообичаениот има и на останатите мерни места на Вардар.
Слична е состојбата и со останатите реки кај кои се мери водостојот, а најголемо отстапување од просекот има Црна Река на мерното место Новаци, каде водостојот е понизок за еден метар и седум сантиметри од вообичаениот.