
Денеска на осмиот ден на движењето „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“дојдовме тука во дворот на Владата да поставиме свежо цвеќе и да ги поставиме македонските знаме пред споменикот на Борците од народно ослободителната војна, тоа претходно го направивме и претходните денови на други споменици во „жена парк“ каде што исто така поставивме цвеќе и македонски знамиња- а со една цел да им се поклониме на они кои ги положиле своите животи и направиле саможртва борејќи се за наѓата држава, изјави Богдан Илиевски член на иницијативата за „ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“.

На денешниот марш пред споменикот своја изјава даде и една жена борец:
-Јас сум дете првоборец, мој татко бил партизан во 1931, 1942 и 1943, он се борел за оваа држава, за овие деца и за овие деца кои оста по него, изајви таа.
Таа истакна дека сака мир и слобода, не сака војна и двојазичност.