
САД ја засилуваат одбраната против севернокорејски балистички ракети, изјави американскиот претседател Доналд Трамп. Тој даде поддршка за Јапонија и за Јужна Кореја во телефонски разговор со нивните лидери.
САД преземаат дејствија за засилување на способноста да се спротистават на напади од Северна Кореја со балистички ракети и да се одбранат од нив со користење на целиот свој воен арсенал, наведува Белата куќа во соопштение.